Па козата, и покрај сите добрини што им ги нудеше на луѓето, особено на сиромасите, спасувајќи ги од глад, болести, смрт, за многумина остана и најпотценуваното домашно животно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ти знаеш добро, јас, од мојата книга Ла Ринашенте, за летната мода во Италија во 1939 година, не можев да знам многу работи? – праша ненадејно Мајка. – Ти, мила моја, посилно од сите нас, почувствува какво зло ни донесе фашизмот, спасувајќи ги нашите деца, нашето семејство, во Поградец.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
— Спасувај ги живите, викам, на мртвите не им треба помош!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Судбината сакаше да ја продолжи борбата против овдешните паразитски микроорганизми, спасувајќи ги луѓето од вековната маларија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)