Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повторно беше дојдено времето да се спасува семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа, со сета своја енергија на мајка, низ сите можни премрежиња на судбината, низ лавиринтите на сиромаштијата и на неизвесноста на војните, успеваше да го провлекува, да го спасува семејството, но остануваше несовладан митот на враќањето, на спасувањето од внатрешниот егзил, односно враќањето во родната земја, остварувањето на семејната полнота.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нејзината поранешна мисија да го спасува семејството, децата, во војна, се менуваше во мисија да го спасува и во мирот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)