И со тоа беше во сојуз со Бога за кој, како во рефрен, велеше дека тој ја испратил да си ги спасува чедата. И тоа ја правеше уште похрабра, правеше сѐ друго во светот да го смета за помалку значајно од една детска солза, какви било револуции, дури и татковини...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)