Даниел, кој секогаш беше сув и подвиткан, сега беше опустошен и не спиеше мирно, во сон стенкаше како да го измачуваше нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сигурно сите спијат во тоа глуво доба, дури и стражите, ако воопшто поставиле некого – оние од другата страна секогаш спиеја мирно ноќе, а пукаа дење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како да беа уверени, како од некаде да знаеја дека никој не им може ништо, дека тие од оваа страна веќе со денови ја добиваа истата наредба – не пукај, не оди, чекај следна наредба...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ноќта не можеше да спие мирно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Не биди здодевна и спиј мирно – не попушти таа. – Ти реков, една среда ти и јас ќе отидеме во Париз.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оттогаш натаму почна мојот најголем пекол.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ги знаеше тој ваквите ноќи, во нив и тој не можеше да спие мирно, но тој сега воопшто немаше ни трошка од она свое неспокојство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеа тие и да влезат во собава, а ние требаше да си спиеме мирно, кога сме со еден ваков.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секоја вечер, небаре во постојан ритуал, сите национални медиуми, телевизијата посебно, ја емитуваа веста дека врховниот водач Бургиба успешно ја извршил утринската прошетка, односно нацијата може да спие мирно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа ноќ спиев мирно, а кога се разбудив в зори, застанав пред крвавата трага на ѕидот покрај мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)