Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Спие полицаецот, спроводникот, спијат и луѓето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Спијат и тетка Славјанка и Катина и Паскалина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)