Пробуваше да се извлече. - Бев сведок на еден случаен разговор каде ви го спомнаа името.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Слушам, секогаш кога ќе ти го спомнеа името, за тебе зборуваат како за „бомба“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога од Велес за Солун била праќана четвртата пратка динамит, на станицата било спомнато името на Гиго Шарлаганџијата, познат производител на шарлаган во Велес.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зошто го споменуваш него?, вели тој. Досега двапати му го спомна името.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Му укажав на Кожинката за можните компликации. Ги спомнав имињата на учесниците во можниов заговор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но притоа напоменав дека не станува збор за пречки што со залет можат да се прескочат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до можните манипулации со моето име, го замолив да внимава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Првпат во животот го спомна името на бога со големо Б, зашто му се врати во сеќавањето дедо му кога го спомнуваше Него, тврдејќи дека Господ оставил ред на земјата, Еден од тие господови редови беше татковците да умираат пред синовите, а не обратно - како што се случува во современиот испревртен свет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Проклет да бидам кога го спомнав името на вујко ми Иле Костадиноски, јас мислев оти сум рекол голема работа, сè!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Прашуваш чии имиња спомнав? - му дофрли, но овојпат уште потихо, со одмазничката желба ништо да не слушне: - Ги спомнав имињата на оние од дворот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)