Симнувајте пред Пупи Паф капи, тој во сите светски сказни стапил.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зажуберка поток. Сонцето се спровре низ гранки и се раздроби во водата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се вкочанува, сака да се намали и да се спровре низ цепотинките на сеќавањата, ќе се нурне во минатото Антуш Крстин. Се нурнува ... ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Над шумата прелетаа штркови и жерави. Брзаа да се населат крај езерото на чиј брег се сретнав со првиот жител на Шумшул- град, со старчето Водомар.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Го прифатив гостоприемството и се спроврев низ пукнатината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)