Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како да очекувала најпосле да се спушти по козји патеки нејзиниот врсник Лозан Перуника, да остане крај неа или да ја поведе кон невиното синило на далечините.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога се спушти по скалите на визбата, не сакајќи застенка, нејзиното мајчинско срце ѝ кажуваше дека се случило нешто лошо.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Меѓутоа, мрачниот инспектор на противпожарната заштита се спушти по скалите од таванот и, повторно наоѓајќи се во кујната, виде петорица граѓани кои непосредно со раце копаа од бурето кисела зелка и ја прождираа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Гледајте, денес пијан ќе се врати...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се спуштив по Галата, покрај Галата Кулата и преку Караќој наближив кон стариот (ески) мост.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мече се спушти по насипот натаму.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)