срами (гл.) - од (предл.)

Сѐ до сега тој премногу се срамеше од своето бледо и спечурчено тело, со натечени вени и со обезбоено петно над глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Науката е страшна работа, заклучив поради што скромноста ме тераше да се срамам од својот очигледен успех.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кукавица сум и не се срамам од тоа: тоа е мојата храброст.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Успеавме некако да испливаме. Се срамев од погледите на луѓето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
КЛАУС: Имате право. Јас сум буржуј. Отсекогаш сум бил. И не се срамам од тоа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас се срамев од сопствениот кикавичлак.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние не се срамиме од работа. Сѐ работиме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам дали се срами од мене, или од ветрот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа „тоа животно“ има сопствен дух и душа одвоена од човекот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Белки затоа мажот се срами од него и затоа го покрива.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)