Јас се крстев годинава. Не го задржав моето моминско презиме, како што сакаше дедо ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Исто онака како кога дедо ќе ми ја ставеше раката на главата и ќе ме помилуваше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Расчувствуван до крајни граници, дајреџијата стави рака во џебот со парите и гласно извика: - Вино, донесете вино...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Што ли прави сега таа? Таа ќе му ја ставеше раката на челото, ќе го допреше со образите, со усните.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Мило мое - ти многу си настинал!“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Па и тука секој си ја гледа работата... А се познаваме, разговараме, - Бојан ги стави рацете на уста и викна силно, оптегнато, та планината екна од неговиот глас: - Еееј, Кирилеее!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доктор Коста ја стави раката врз челото на болниот. Гореше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По напорната работа кај Селиште, Денко уживаше да се искачи на малата височинка, да легне помешечки на меката трева, да ги стави рацете под брадата, да меле тревка меѓу забите и да гледа кон високата карпеста Орелска Чука на запад.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Денко ја стави раката над очите, штитејќи се од сонцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше збунет и не можеше да верува дека друго човечко суштество, без да стави рака на него, и без да му каже ниту еден збор, па дури и да не гледа во него, може да го парчоса неговиот свет и од него да направи куп урнатини.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Бараше со очите наоколу, да пронајде нешто што би можело да му послужи за играчка, па кога не можеше да најде ништо, легна врз откосената трева и ги стави рацете под главата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во никој случај јас за тие, од мене утврдени нивни заеднички особини, не би ставил рака во оган бидејќи ми беше сосема јасно дека ни бројот на примерите е доволен, широко зафатен ниту, пак, описите беа најцелосни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оној што дојде погледна по улицата нагоре, потоа пред себе, ги стави рацете во џебовите, пак ги извади и не знаеше што да прави од здодевност.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
За малку младичот ќе влезеше прв, но човекот во сина облека ја стави раката на задната страна од вратата, се настрани и на селанецот што беше зад него му рече: "Влегувајте, молам!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сепак, нежно и ја стави раката на рамото на Вера.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја ставив раката во џебот и реков: „Јан Лудвик, имаш и ти нешто твое кај мене.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се сврти сиот кон мене и се обиде да ми ја стави раката на рамото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: Ова е моментот!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Меко му ја стави раката на рамото: - Седни Иле... И прости ни... - рече.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: „Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ме погали по глава, нешто рече на албански, стави рака на моето рамо и ме поведе пред масата каде во голем тефтер го запишаа моето име и нејзиното име, презиме и адресата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја стави раката во џебот, јас помислив дека оттаму ќе извади цртеж со жена која стои на работ од некаква бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа ја ставив раката на кваката. Не беше заклучено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги ставив рацете на фустанот, придржувајќи ја така склопчената кошула, и реков: „Ете, сега сме такви какви што треба да бидеме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат ми гледаше во моите раце и во стомакот што тие го придржуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Станав, ја бакнав Ева в чело, ја бакнав Амалија во теменцето и, пред да тргнам, ја ставив раката над срцето, помеѓу градникот и левата града.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Мртва… Да ја фрлиш…,“ рече, па ги стави рацете на држачите од столот, како да сака да се поткрене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тоа мора да е чудесно чувство, да се има уште еден живот овде.“ „Мене тоа ми се чини страшно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од брат ми понекогаш позајмував лист хартија и молив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Те боли нешто во градите?,“ праша. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа си ги стави рацете на стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Кое име ќе ѝ го дадеш?“ „Хајнерле,“ рече. „Куклата е јас,“ и се насмевна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еднаш, по едно “Ќе беше подобро да не те родев,” кога себеомразата сакаше да ја убие пречувствителноста, се скрив под креветот, си ги ставив рацете околу вратот, и палците силно ги зарив во грлото над клучната коска, сѐ додека не ја изгубив свеста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Влегов во станот. Сите врати и прозорци беа отворени – во станот се слушаше само звукот на провевот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Си ги ставив рацете на мојот стомак, како да гушкам живот во него, иако утробата ми беше празна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги имав положено рацете на стомакот на Цецилија така како што се придржува нешто живо, нешто што треба да се сочува да не се распадне, а мојата утроба и натаму болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Добро,“ реков и ја ставив раката на градите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги ставив рацете на стомакот на Цецилија, таму каде беше завршен уште еден живот, и почувствував болка во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ништо не ти подарив за раѓањето на ќеркичката. Немав што да ти подарам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Будна го дочекав утрото, а потоа отидов да ја посетам Клара во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој се заблагодари и со моја помош ја стави раката во ткаенината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во раката држеше две фотографии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ливајн се потпре назад и немарно ѝ ја стави раката преку рамениците.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Најпосле Ливајн стана, ги стави рацете в џеб и ги напрчи мадињата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Погледна надолу кон градите, едвај веднејќи ја брадата поради крутоста на подмрзната униформа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја стави раката, сè уште во волнена ракавица, на градите, таму од каде што ја чувствуваше топлината и сети како прстите му допреа нешто влажно.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш Димитар Зојчев се насмеал, ја затворил тетратката, ја оставил на масата и станал: се прешетал низ канецларијата, потоа застанал пред Ристета, му ја ставил раката на рамо и му рекол: Во времето кô се ѕидаше црквата, во 1895 година, јас бев учител во Потковицата и го водев списокот на сите кои даваа пари за ѕидање на црквата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Му ја стави раката на гради, мислеше само да го потурни за да си направи пат, но Богатин, иставајќи се наназад, сам од себе си падна, изгледа се засопна и падна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мусли бег стана, ја стави раката над очи и се загледа натаму.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едно време, од искомплексираност, почнав воопшто да не се смеам. Ја ставав раката на уста.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дедо му Аврам му ја стави раката на рамото и му рече: ”Отиде баба ти чедо... Сега сме без неа...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ќе си ги стави рацете одзади, можеби тоа беа часови на размислување, ќе ја фрли главата колку може повисоко (ретко некогаш се веднеше кон земјата), - и туку кружи наоколу во дворот како орел што слетал ниско, над земја демнејќи го својот плен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Петар ја стави раката околу рамениците на Томаица и молчешкум го гледаа небото, раѓањето на ѕвездите и заминувањето на последните портокалови обриси.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Таа му ги стави рацете околу вратот, го нарекуваше миличок, скапоцен, сакан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Однесувањето на О'Брајан повторно стана строго. Тој ја стави раката врз бројчаникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја стави раката на челото и ги притисна малку слепоочниците, како да се обидува да се сети на нешто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Деница застана пред огледалото, си ги стави рацете на двете страни од вратот и, спуштајќи си ги полека надолу, кон градите, се загледа во своите очи, со долг и длабок, испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Азра ѝ ја стави раката на челото, ѝ ја поднамести косата, и помина со прстите по патецот, а потоа нежно ја спушти дланката по нејзиниот образ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Како што стоеше, му ја стави раката врз рамо:
„Ќе имаш ти, како ми се гледа, чест од сите, ама и прекор од сите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Коњот пак, кога отиде таа да го погали, само што му ја стави раката на вратот кај гривата, тој за'ржа. Вервај, мене ми се скина срцево.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Откако измина неколку чекори, некој ѝ ја стави раката врз рамото. Од зад неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Ииии! - направи жена му на Мил и ја стави раката на устата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ја стави раката на цепот да го затне, но виното му избиваше меѓу прстите како крв.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ѝ се доближи и ѝ ја стави раката на рамото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Горјан ја стави раката на устата и закука: „Куку-куку! Куку!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Оној што дојде погледна по улицата нагоре, потоа пред себе, ги стави рацете во џебовите, пак ги извади и не знаеше што да прави од здодевност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
За малку младичот ќе влезеше прв, но човекот во сина облека ја стави раката на задната страна од вратата, се настрани и на селанецот што беше зад него му рече: - Влегувајте, молам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Да го утеши, да му ја стави раката преку рамињата, да го прегрне.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Таа се тргна, ги стави рацете на лицето, а потоа ги погледна рацете и сончевите зраци на прозорецот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој ѝ помогна да ги внесе столиците под тремот, ја седна таму и се врати назад за да ги стави рацете на управувачот од косачката.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Се шегував“. Човекот зад него ја стави раката на главата на момчето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Си ги стави рацете на половината и онака, со подигната брада, прво не погледна нас, а потоа некаде таму, далеку зад нас, каде до недоглед имаше само вода и вода...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стрико ми ми ја стави раката на рамо и ми рече: - Синко, наведни се и слушај го шепотот на тревите, слушај го завивањето на ветрот меѓу стеблата, слушај ја водата како шуми кога се пробива меѓу камењата, слушај го брмчењето на пчелата во чашката на цвеќето, а ќе слушнеш многу повеќе отколку на друго место и, не само што ќе ја слушнеш, ами ќе ја научиш вистината...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А сонуваше разни соништа: како куќата станува подвижна: ту се наоѓа в планина, ту се наоѓа в поле, ту со неа патуваат како да е на тркала, ту летаат по небото, ту пловат по езерото како да е брод; но бродот се дупнува, се полни вода и тие почнуваат да тонат; но писокот нејзин ги спасува од давење; се буди и гледа како Бандо во спиењето и ја ставил раката на грлото и ја притиска; од тоа таа не може да дише, здивот ѝ се зема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
БОЖО: Лесно е да се стави рака на чело, шал околу вратот и да се заплови во велтшмерц, во карасевдах.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Кажи. - Јас ли? - таа стави рака на гради. - Да, да, ти... дојди. Циљка застана покрај него.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стана. Се исправи. Стави рака врз чело за да фрли сенка над очи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се бакнавме. Ја погалив по вратот и осетив нешто необично, некоја чудна брановидна длабнатинка како кожата да ѝ станала пластифицирана, а потоа таа ја стави раката врз моите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Светлината беше слаба, но можев да го видам црвенилото што ја облеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Причекај“, збивташе таа. „Ов... Ова.“ Се исправив. „Што?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ги слепи рацете дланка на дланка, се навали на колк, ги стави рацете на еден камен, се навали, за’рка.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Фелдфебелот ги стави рацете на грбот, ги подрасчекори нозете со бели објала препашани со опути, ги поднаду градите за да го постави првото прашање како што треба, ама од тоа и Шишман се подисправи божем мирно по војнички да застане и камчето во џебот тропна, а градите на фелдфебелот му се подиздисаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Камче е, господине, - рече Шишман и ја стави раката во џебот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Французот беше толку зафатен со панталоните што кога беше готов, задоволно си ја стави раката на стомакот и дури тогаш ја крена главата и ги здогледа двајцата бугарски војници.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Коте си ги прелапна усните, ги стави рацете на масата и одвај се воздржа да не стане да си оди без збор.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тогаш пак ги стави рацете на масата, ги погледна братучедите: - Демек, од Брезница сте? - праша. - Од Брезница, - рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зад него се покажа милиционер кој му ја стави раката на раменото на Брзакот и како да го поттурна напред.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)