стави (гл.) - и (сврз.)

Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во истиот час кога станал ајдутинот, станал и Боше; Николице, ѝ рекол Боше на снаа си, стави во дисаѓите цели два леба, стави и сирење и пастрма, за да му се најдат по пат, а јас ќе го испратам до Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаме уште некое лажиче саде-кафе. Стави, невесто. Ама стави и за нас по едно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Штом ми пишете да си дојдам крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На глава круна ќе ставам и акробации чудни ќе правам... Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)