Еднаш отишол дедо Доне да го посети, но прадедо ми не си го познал синот (мојот дедо) бидејќи кога го оставил тој бил момче, а кога по долго време го видел тој веќе станал маж.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ќе стане мажот од ноќната мора и ќе ги уапси децата, целото семејство.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си замислував дека еден ден Филип ќе ми стане маж, дека ќе имаме многу деца и убав живот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И дека ќе станам маж – без непотребни движења кои ја истакнуваат технологијата на љубовта.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем, сѐ беше лесно: влегов во циркусот и станав маж, уште истата ноќ.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)