И покрај сите настојувања, видливи во архивската документација, не може да се одбегне фактот дека и двете страни во потесните кругови, веќе од почетокот на 1944 година, "кроеле" планови за повоеното политичко уредување на светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој период во САД започнала една од најголемите расправи во американската историја, која не се водела само во Конгресот и низ печатот туку и меѓу обичните граѓани во целата земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во сето тоа кај него, и што е обикновено во таквите случаи, немаше некој систем, но подоцна, кога стана прашање за историјата на неговото семејство Кочо, видов дека е неверојатно прецизен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По неочекуваниот и брз пораз на француската војска и евакуацијата на британските сили од Денкерк, САД не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето за опстанок на Велика Британија станало прашање за опстанокот на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од средината на 1944 година, во односите на политичките елити на Велика Британија и СССР актуелно станало прашањето за интересните сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)