Но, ако се дрзнела да го застапува играњето улоги кај лезбејките од современиот свет на 1970-тите, тоа ќе било нејзина фемисторија (herstory).
До крајот на 1970-тите, лезбејскиот и машкиот геј-живот во урбаните геј-гета на САД и на Западна Европа станаа препознатливи по хегемонијата на лезбејскиот феминизам и на емпатично мажествената култура на таканаречениот машки геј-„клон“, кои се трудеа да ги исфрлат од хомосексуалноста родовите поларитети и асиметричното играње улоги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)