Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Низ прстите на рацете, кои станале тенки и проѕирни по божикните пости, ѕиркаше килибарната бројаница.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Костумот што не го соблече од вчера му беше сосема истуткан од долгите преместувања од една на друга фотелја додека синоќа се обидуваше да најде место кај што ќе му дојде сонот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)