станува (гл.) - нивен (прид.)

Непреведлива нежност... – Не се оди далеку во спомените, лесно се станува нивни заложник! – се огласи Мајка, на чардакот, длабоко во ноќта, откако сопружниците си ги „отворија картите” за поединостите за Мајкината „италијанска врска” која ги криеше тајните на најсилните мигови од нивната љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си разменуваат награди со насмевки, честитки со искрени заблагодарувања и гледаш како тоа станува нивна пријатна навика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислат дека сѐ што ќе дофатат станува нивна сопственост. Вистински буржуи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)