Станувам некако, се исправам ко црн потсекарец на снегот и тргнувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Возењето стануваше некако посигурно, иако се газеше само по снег и голомразица.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И се прашуваше, најискрено, дали поранешната редовна работна смиреност, барем во периодот 8-11 или 16-20, не е еден вид изолираност од инспиративниот хаос наречен ЖИВОТ?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дури тогаш писателот забележува дека стигнал при крајот на седмата страница, дека околу него се множат нови пливачи и дека тој станува некако сè повознемирен...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И срцето станува некако премногу чувствително.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се забележува некаква си жал за луѓето и за рибите и желба да им се помогне.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Очите му се насолзуваат и лицето му станува некако потемно, па ми се причинува како да е постар одошто е.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)