Мојот хај што беше пред исчезнување, преплавувачки ми се враќа назад.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, колку е чудна оваа сцена станува јасно дури кога ќе се засилат светлата и ќе престанат плочите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во ЦР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар на РМ; а сојуз на синдикати стекнува својство на правно лице со денот на упис во ЦР – по претходен упис во регистарот на синдикати, кој го води МТСП (чл. 23, ЗИДЗРО/ окт.09).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, со ова станува јасно и тоа дека не е секој Cavellini, освен исклучиво Г.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но баш таа мисла го свестува, и му станува јасно: ова го имаат скроено Гога и неговиот другар, ја наговориле да се нашегуваат страшно со него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш му станува јасно дека му е сеедно што ќе покажат анализите, дека му е сѐ едно што и како пропуштил, дека му е сѐ едно што и овој, последен пат, нема да пречекори во финалето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога ќе му пријдете, овие купчиња стануваат јасно издвоени објекти чија форма во општи црти одговара на претходно испитаната целина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тогаш колежот бил извршен однадвор, и на Милан почна да му станува јасно како се случило тоа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Едно стануваше јасно и посигурно од сѐ - мама веќе никогаш нема да се врати.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Со секој збор што го изустуваше Вера ми стануваше јасно дека е тоа нејзината историја и на моменти сакав да ја запрам да не раскажува.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
МЛАДИЧОТ: (На овој крик, се скаменува. Дури тогаш му станува јасно за што станува збор. Сето подоцна што ќе го чуе од Милка татни во него.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сѐ повеќе станува јасно дека Олга Наумовска со своите песни, стреми кон нови значења што ја потсилуваат моќта и вербата, а во себе носат пораки и вредности неопходни за секој човек.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Павле скоро повеќе го сетува одошто го чул. Му станува јасно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вратата се отвора и девојчето пред себе ги гледа кочијата и коњите толку чисти, со толку заслепувачка белина што станува јасно дека токму сега дошле на светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но стануваше јасно дека со текот на времето Татко и Камилски ги напуштаа лингвистичките амбиции, па се префрлија на филозофското толкување на најкарактеристичните зборови, откривајќи ги во нив кодовите на заедничката меморија на балканските народи...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Претставените зборови задираа длабоко во балканската историја, опстануваа во различните балкански јазици со отомански османски примеси, како живи елементи, кои не беше лесно да се искоренат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LIII Новите третирани заемки и кај Татко и кај Камилски не престануваа да будат нови конотации и асоцијации за некогашните балкански времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Му стануваше јасно дека тоа не беше вообичаена пасија за собирање книги или поштенски марки, дури и играње покер, туку се работеше за возвишена цел.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLV На Климент Камилски, по првите претставени зборови на Татко, посебно по поимот кадија, му стануваше јасно дека нивната мисија добиваше сосема друга смисла и застрануваше од замислениот правец и конечната цел.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште со појавата на првата книга раскази, „Пасквелија“, Живко Чинго побуди интересирање во литерарните кругови, особено кај критиката: стануваше јасно дека се јавува еден автентичен раскажувач чија проза произлегува од еден изграден литерарен свет, чие раскажување потекнува од некои најдени системи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во Централниот регистар; б) се воведоа и изречни одредби во поглед на имотот на синдикатот и на здружението на работодавачите, кој се стекнува по пат на прибирање уписнина и членарина, потоа со купување, подарок или на друг законски начин – без какво било претходно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И веќе на двајцата ни стануваше јасно дека не ќе можеме да го повториме подвигот од Гаково.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ЉУБА: И ете, станува јасно, дека се омажив за буквата “јат”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што навлегуваме во 21-от век, станува јасно дека ќе се развие еден глобален јазик.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тогаш станува јасно дека никој повеќе (ако тоа некогаш навистина било можно) не може да го нарекува британски режисер.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, откако барем малку ќе го запознаеш, ти станува јасно дека прекарот наполно си го заслужува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И така, си доаѓаше, па си одеше. И сега е тука. - Тука? - Да, тука.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сѐ станува јасно кога не ќе се заборави ова: дека тоа лето беше лето за Зоки Поки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Мисли Зоки, мисли, и одеднаш сѐ му станува јасно.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)