стегне (гл.) - рака (имн.)

Кога се слави раѓањето на убавината, ред е да затреперат и прекуокеанските школки, а ред е и да му се стегне раката на мајсторот кој од црни чавки знае да направи бели гулабици.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На, лежи, земи го!.. . Ристе ја стегна раката. И му се сака, и му се нејќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледајте, нагледајте се, ако не сте виделе угул голи набабрени цицки и бели бедра како треперат на западниот ветар.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Невестата Митра го наполнила кошот, ама многу е стегната рака, та само неколку сламки најде во јаслите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Браво, Трајче! - го пофали чичко Тале, го почука по рамото, му ја стегна раката и продолжи: - Таков те сакам. Да бидеш како татко ти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На заминување, цврсто му ја стегна раката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Алал ти вера! Досетлив си, нема збор! - восхитено го пофали Планински и му ја стегна раката да му честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)