Се пареа како животни; таа стенкаше и бараше да се зарие во неа до коска; токму така, до коска; Фисот стенкаше, мрдаше со голиот газ, а Луција бараше уште; во еден момент, таа ме погледна и рече: „Фис, некој нѐ гледа“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога падна горниот дел на твоето бикини, моите дланки, издлабени како да носат вода за испукани усни, ти ги прифатија градите запаметувајќи ја нивната деликатна тежина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го внесоа во собата во која лежев и јас. Цела ноќ стенкаше и викаше. Пцуеше. Колнеше.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На моите прсти, твојот префинет мирис се мешаше со кокосовиот миск на лосионот за сончање со кој што без прекин си ги мачкавме телата еден на друг .
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)