Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По гласот погодија кој е. Почнаа да се стрчнуваат кон него, да го удираат со веленца и со шубари, да го тркалаат. Од него летаа светулки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гореше човек и врескаше, паѓаше и стануваше. И пак трчаше кон ветерот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(Се закашлува силно. Другарите се стрчнуваат кон него).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОЛЕ: Скоро ли ќе лојде, мамо?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ДИМО: (Се стрчнува кон Маноил и го крева) Синко, Маноиле! Што ти стана? (Вика) Баба Ленке! Тодоре… Дајте вода! Вода!! Синко!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)