Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се смеам и им велам: Немојте да ме омаложувате.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Што мисли таа, дека јас сум некоја глупачка и дека баш ништо не разбирам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Ме болеше ама се смеев бидејќи тие веруваа дека сум некоја ситна алка во некој важен синџир!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас сум некое мало делче од исушените ливчиња на работ од монетата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Што ќе им сум јас жив? Да сум некој офицер - у реду!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)