сум (гл.) - жена (имн.)

Само пред тебе сум жена... само пред тебе ја соголувам душата уморна од животот... само пред тебе ги отворам картите на судбината..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И јас сум жена и можам сѐ!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во душава гори оган, со него горат и зборовите, затоа молчиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сигурно и тебе не ти е лесно, ама јас сум жена, ние жените сме послаби...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не сум жена каква што ти сакаш.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас сум жена и јас сакам да ја почувствувам тврдоста, твојата машкост која ќе се вовлече во мене без молба и извинување, го сакам дивото во тебе, сакам да си соголен до ѕверското што го носиш во себе, а јас тоа го гледам, го меркам по светлоста што бликнува од длабочината на твоите очи, лиоту мој.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или, ако сакаш да ти го кажам тоа отворено, сега не сум жена за тебе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега сум нормална жена која знае да се срами и да си простува себеси, како што секогаш им простуваше на другите, сега сум жена која знае да се радува, жена која знае да плаче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да, еднаш ми рече “Јас сум жена и од женското во мене почнува се и во него се се враќа”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мастилото на дипломата дека сум жена уште не е исушено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поаѓајќи од фактот дека започнав на овој свет како обично парче бело месо, завршувам со фактот дека сега сум жена која поседува сѐ што треба за да тргне на еден долг пат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
О, господи! Што не помислив... Сите ли се враќаат?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дали јас не сум жена? Дали во градиве камен носам?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А, беше, ми отиде лозјенцето... Еј, лозје мое лозје, токму како во песната: „Јазе те садам, кој ќе те бере...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Е, да сум жена, да го колнам: да би не се разбудил! Да би нога искршил!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас сум жена на брат ти, реков. Тука сум по погребот на тој брат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
АНТИЦА: (сама). Никако не можам да се решам да им кажам оти сум жена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Бегај, реков. Не сум јас невеста ни за гол ни за натоварен младоженец со три деца и не сум жена што легнува пред секој што ќе ѝ тропне на врата со коледарска ластегарка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се искапам. Во торбата имам чиста кошула и нови чорапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како можам да мислам за такви смешни нешта - убавина и мир, мрачната душа на светот - па јас сум жена в куќа, жена која се грижи за тепихот, уредна и точна, окружена со згради. 120 okno.mk Вилијам Гес (William H. Gass) е роден 1924 г. во Северна Дакота.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас сум жена во куќа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Никако не можам да го уверам дека сум жена облечена во сонце. Но, тоа се само мисли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)