Куче, да, си мисли К*, јас сум куче на мои... колку кучешки години би имал, си пресметува К*, множи, одзема и дели со определен фактор, веројатно девет, иако не гарантирам, мене математиката секогаш лошо ми одеше, си мисли К* и резонира, значи, јас би бил улично куче на девет години.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)