сум (гл.) - редница (имн.)

Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оди, мила наша, а ние ќе ти ја наполниме таблата со турли-турли јадења, мажите со насмевка да те пречекаат, тебе аберџијке, што ќе им ја заголнеш душата.’ И така ја наполниле таблата со езерски риби прелиени со мед и со суво грозје, со сарма од лист од винова лоза, со сирење од немркана овца и со слатки од бадеми.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)