сум (гл.) - член (имн.)

Кикицас, гмечејќи ја цигарата со дебелата петица на поткованата чизма, тивко, но доволно гласно за да слушнат сите, рече отсечно: - И јас сум член на командата и ништо друго не ми е познато што реши таа освен ова што пред малку го изнесов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разбрав дека од сада па надалје и у будуче сум член на социјалистичката младина на СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење или, кинејќи од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас реков дека не би можел да водам никаков кружок, оти не сум член на таа партија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас сум член на грчката партија, вели, и нејзините интереси се поголеми од моите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас сум член, велам, но нејзините интереси не можат да бидат поголеми од моите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум член на Извршниот комитет на Главниот одбор на НОФ и организационен секретар на АФЖ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум член на окружниот комитет и секретар на партијата на жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Еколошките прашања, тато, општо земено, а конкретно - Вардариште и Дрисла. Нели сум член на еколошката секција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)