Во потрага сум по докази за мојата способност на утврдување при аналитичките детекции на предодредувањата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јас сум жена на брат ти, реков. Тука сум по погребот на тој брат.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Е, нели сум по мензи, не трпам за јадење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Тавариш началник, велам, јас сум по грешка меѓу криминалките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Луда сум по егзотичните нешта – благо се насмевна таа.. – За среќа, во мојот град постои продавница за јужно овошје. И секогаш е свежо.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И не проколнувај ме. Дојден сум по благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никој не знае што се случувало некогаш. Ни ти, ни јас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И на татко ми му се заканувале, а тој им рекол: Прашајте ја првин Мила, ако сака, тогаш носете ја! – им кажал дека сум по вода.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Дали сте подраниле? Јас не сум по тие прашања", објасни вратарот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)