Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Дали сум буден? Можеби сонам?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Час сум буден, час занесен и тие состојби ми се менуваат така што и не знам кога сум буден, кога сум зајден.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Гласот на развигорот се уште над мене одѕвонува...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И сега не знам дали сум се разбудила или само сонувам дека сум будна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А веднаш потоа онаа слика со Кошевскиот шумар за кого велат дека е најстрогиот државен службеник во планината над Сина Скала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стоев до могилата. (Повторно се враќам во оној ден, на погребот).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наеднаш помислив дека сум буден и дека седам на ќебето што го имам спрострено под решетките.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Присутните си заминуваа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не, решетките не ги гледам но знам дека се негде над мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
" Сега веќе речи си сум сигурен дека сум буден.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа беше моментот кога помислив дека треба да и соопштам на мајка ми за моето заминување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Впрочем воздухот што струи од нив го чувствувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
РАЈНА: Зошто не спиеш? ЕВТО: Затоа што сум буден. Што не спиеш ти?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ЈАКОВ: Кој ви вели дека сум буден? Сета нација е под анестезија.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не сфаќав, не знаев веќе кога сум буден, кога живеам во зелени соништа, сам, на мртва земја и под мртво небо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Земи“, рече; ги отворив очите - над мене стоеше Симон Наконтик. „Земи голтка ракија. Се тресеш, викаш.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)