Борецот Вангел им вели на другите: - Знаете, јас секогаш сум гладен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слушај. Јас, вели, секогаш сум гладен. Лебот што го добивам не ми е доволен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ми се јави една тетка и јас ѝ кажав дека сум гладен а лебот изгорел в тава.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Повраќањето ми помогна да сфатам дека сум гладна навистина, и кој знае колку денови, гладна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сега таа му рече на татко ми: „Добро, бре, мажу, како не ти текна некојпат да свртиш очи, да прашаш да не сум гладна, да ми дадеше скришум корче леб?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
АНЃЕЛЕ: Не сум гладен!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не сум гладен, брзо одговори Карл.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Не сум гладен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Не, јадев сендвич по патот, навистина не сум гладен, - се обидов да се оправдам, а и кажував вистина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ми се насмевна кога ме виде.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Само шепоти: - Не сум гладна. Остави ме ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Го здогледав и Љупчо. Беше свртен така што можеше да ја гледа Соња.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Елена ми подаде половина ѓеврек.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Не сум гладен“, ја одбив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Како сум гладен - продолжи чичко Тале - царски ќе се гостам.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тале викна: - Мајко, мајко! - Појди со Трајчета на фурна и земи го лебот. Многу сум гладен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Само шепоти: - Не сум гладна. Остави ме.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Седевме таму едно половина час и му велам на чичко ми Борис: Може ли да ме известиш ако почне движењето, а јас да се симнам долу да видам до каде е лебот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ем сум гладна, ем многу љубопитна да дознаам дали сум го упропастила лебот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Јас не сум гладен.“ „Мораш да јадеш. Мораш да продолжиш.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Еда, господ да ви придаде, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, не сум гладен, ама атер на трпезата и, еда, атер на лебот... ќе земам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)