сум (гл.) - нормален (прид.)

Сега сум нормална жена која знае да се срами и да си простува себеси, како што секогаш им простуваше на другите, сега сум жена која знае да се радува, жена која знае да плаче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Добро, во ред, немам намера да инсистирам штом не сакаш да разговараме за тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеби јас не сум нормална! – ѝ реков, надевајќи се дека ќе ја смени темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
(Се гледаат очи в очи.) ЈАКОВ: Што сакаш да ми кажеш? КРИСТИНА: Јас сум нормална!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Ти мислиш јас не сум нормален. А себе не се гледаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Зошто си ме родила олку низок?“ еднаш ја запрашав мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама се стаписа: „Не си низок... за твоите години сосем си нормален...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но јас ја пресеков: „Ако сум нормален, зошто се редам претпоследен на фискултура?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)