Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најпосле, зошто толку многу сум преокупиран со Гаково!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)