Не сум силна без тебе, нема ден, нема ноќ, сѐ е празно, убавината е илузија, реалноста е грдотија, животот е пустелија, а љубовта знае да биде сурова.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Да види дека сум силен. Инаку - другари сме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ух, со заби ќе те изедам како сум силен!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Боб: Ги одбивам картите, премногу сум силен на карти.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Ах, мил мој јас сакам да сум силна, ама се кршам одвнатре. Многу ми е тешко.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Е, баш моите девојки најмногу ме сакаат затоа што сум водач на банда и затоа што сум силен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)