сум (гл.) - убеден (прид.)

Потоа Спространов објаснува: „Во сегашниве услови… јас лично сум убеден дека сепаратизмот што зафаќа длабоки корени во масите може да стане решавачки фактор, особено ако масите ги поведат луѓе од типот на Мисирков, Дедов, Мишајков и други…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие примери даваат само некои од можностите за ангажирање на индивидуите во создавањето / реактивирањето на алтернативните нивоа на акција, и јас сум убеден дека не е можно да се исцрпат можностите за овој вид на интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
• На што можете да ми укажете во вашиот досегашен живот што би можело да ми даде барем некаква индикација дека за вас постоела и таква можност?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас сум убеден дека Серловата интересна и полемична книга ќе поттикне понатамошна расправа во философијата на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако со нашето знаење му се противставиме за направеното ужасно дело, јас сум убеден дека за него тоа ќе биде таков шок што наместо да го придобиеме кон нас, уште подалеку ќе го оттргнеме од нас и никогаш нема да можеме да му се доближиме.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не сум убедена баш дека е така, па побрзав да дадам објаснување, не толку од искуство колку од страв да не ни биде укинато единственото задоволство за кое не мора да плаќаме, барем сѐ уште, а да биде поради здравствени причини, а со тоа и оправдано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Говореше доста неповрзано, господин судија, и јас навистина не знам на што се должеше тоа; изгледаше необично возбуден; не, не беше пијан, во тоа сум убедена; беше само возбуден; кога му реков дека е возбуден, тој рече: „Да, се разбира; знаеш ли што значи по толку години да се најдеш под вистинско небо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше нешто меѓу нас, во тоа сум убеден; имаше сигурно нешто, макар само и флуид, макар и само почеток на љубов, оти зошто таа стоеше токму до мене, додека разговарав со другарот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она во што сум убеден е дека за вкусовите не треба да се водат расправии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Замислете дека одеднаш сум убеден дека сум Наполеон: јас веќе не сум Вирилио, туку Наполеон. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 111
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Впрочем, јас сум убедена, дека ако би ми дале мене пет минути да позборувам со него, сѐ одеднаш би се разјаснило.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Она во што сум убеден е дека за вкусовите не треба да се водат расправии. Како, впрочем, ни за боите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По секое вакво патување сè повеќе сум убеден дека ќе беше многу тажно ако ми беше одземена и можноста за патувања, за преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цврсто сум убеден дека архитектурата, како начин на изразување, може да се смета за уметност само доколку го одразува разбирањето на перцепцијата на корисниците на проектираната околина, повеќе отколку перцепцијата на архитектот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во секој случај, едно е сигурно: ако јас сум црна овца – иако во тоа лично воопшто не сум убеден – но, ако сум, тогаш јас сум од поинаков вид од онаа на стрико ми Ото: ги немам неговата леснотија, неговиот шарм и, згора на тоа, ме притискаат моите долгови, додека нему, очигледно, не му пречеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го жртвував она што никогаш не смеев да го жртвувам: својата слобода!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)