сум (гл.) - уверен (прид.)

Ја сум уверен во тоа, дека ако сум во состојба да го сметам и компјутирам светот, тогаш можам да произведувам и алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега јадев зелено јаболко и сум уверена дека ова искуство ми претставуваше вистинско задоволство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Елизабетх Баркер, Британската политика према Балкану у II светском рату.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа го надополнува и Бејли, член на СОЕ, во писмото од 28 март 1941 година, кој бил во Белград, а потоа во Цариград, кој вели: „цврсто сум уверен со акцијата што непосредно му претходеше на државниот удар; можеби други управувале, но нужните претходни услови за тоа ги создаде наголемо СОЕ во Белград, работејќи на тоа во минатите шест месеци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А згора на тоа сум уверен дека во потрагата по мојата вистина немам што да загубам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А што се случувало потоа, тоа е тајната што Таша изгледа немаше сили или не сакаше да ја разреши“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете кои беа нејзините последни упатства?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај мојата наклонетост кон таканаречените олеснителни околности искрено речено сметав дека ваквата увереност на Даскалов не му соодветствува на она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се повеќе сум уверен дека мајка ми, трудејќи се да го избрише овој податок од моето сеќавање, само ги потврдуваше моите сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов не отстапуваше: „Можеш да мислиш што сакаш, но јас сум уверен дека Иван е плод на здрава љубов, за жал настаната во чудно време во кое на љубовта не и било дадено да одлучува“, ја разлагаше Даскалов упорно својата теорија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На пример она: „Јас сум уверен дека детето е плод на вистинска љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наслушнале дека таму негде во грмушката лежи вистината, но која е таа грмушка, е, тоа е се уште тајна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заборавив да напоменам, или поточно да се сетам, дека кон масата ме упати и прстот на иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека послушно чекорам кон масата што вистински потсетува на училишна клупа, со многу празни лисја расфрлани по неа, многу упорно ја проверувам токму оваа своја помисла: дека за среќа немам што да загубам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури двапати ми спомна дека на здрав пораснат човек каков што сум јас таткото може да му биде пречка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Моите размисли, во ова сум уверен, се уште се само трагачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе сум уверен дека тој токму во моментите на таквата моја замолчаност му се посветува на она негово упорно копање низ внатрешнината на моите помисли и тоа само со сврдлињата на сивите како челик очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, сепак, најлошо по ова мое несреќно сведочење е тоа што јас, иако сум уверен во тоа што го видов, во никој случај не би решил да прифатам да бидам сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ова треба да значи дека јас сум уверен оти никој не е во состојба да го измени движењето на неминовноста, или, да бидам уште поодреден, да ја префрли таа неминовност во слеп сокак!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)