сум (гл.) - храбар (прид.)

И Зоки е меѓу нив. Тој вели: - И јас сум храбар!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Па нели си ти храбар, Зоки? - Јас сум храбар, чичко, но моите прстиња се добри. Не сакам да ми ги накажувате.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Колку сум храбар а питом.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По природа не сум храбар човек, не бев ниту храбро момче, ама филмот храбро го издржав.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Чувте ли, - сврескува Зоки кон големите деца. – И јас сум храбар!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Што се дереш, што сум ти направила!? – пак сврескав, да види дека сум храбра и да запре малку со заканите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И јас сум храбар! – повторува погласно Зоки, но веќе е навреден.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)