сум (гл.) - цел (прид.)

И однатре и однадвор ми е празно, велам, празна сум целата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум цел ден повеќе со книгите и не можам да се помирам дека и мојата милост, за да можам така да живеам, се издржува од таквата мака на каурот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да трчам веднаш штом го слушнав и Дино како завива.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што си ѝ направила? - ми свика таа, како да не гледаше дека сум целата изгризана и изгребана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да не чу дека сум целата искрпена, велам, крпа на крпа, крпа за крпа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)