сум (гл.) - веќе (прил.)

Шефот светна од задоволство, па рече: – Ти, синко, далеку ќе дотераш ако стапиш во партијата! – Јас сум веќе член! – потврди гордо брат ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сака да види колку сум веќе умрен. Па, доста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби сум веќе упаднат и бесповратно заглавен во него”, се роеја, особено во пустите вечери, најневозможни мисли во главата на доктор Цви Корец, што тој со напор се обидуваше да ги оттргне, впрегнувајќи ги сите рационални сили во тој мачен зафат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поради стравот, поради огромниот страв што во него беше населен уште од најмали нозе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас морам да избегнувам да сум нереален, но ако сум внатре реалноста, реалноста може да е однадвор, и ако сум веќе празен одвнатре, ќе се најдам себеси во опасност суштествувајќи празен, нереален, лажен и лош.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сум веќе толку отпорна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Но не сум веќе болен, ми помина...- вели Ване со натажен лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Стар сум веќе па ми се причинуваат разни работи“ си помисли дедото и продолжи да оди.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше ден кога разбрав дека во скоро време не ќе сум веќе дете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ех, вие беден народ... Ех, проклетијо... А Русија пропадна. Јас не сум веќе генерал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЛИПСИНКА [пее]: Гроги сум веќе и умор ме мори, за жалење лом – КАДАР (13) кадар на сцената од публиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Христина, како што гледаш, и јас сум веќе тука, во вашето училиште на работа, ако ти е потребно нешто ти само кажи ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Онаа што му беше шеф го прочита последниот пасус што го напиша.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ти не знаеш колку сум веќе расипан“, ѝ рече тој и ја подаде раката кон неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но таа се наведна и, пребрза во својата нечујност, излезе од собата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФЕЗЛИЕВ: Јас сум веќе - нем. (Пауза.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи да сум веќе татко?... Ура!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та нели сум веќе матурантка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомнение и без прастарата човечка навика со зло да го одржува во животот на својата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога сум веќе кај желбите, можам да се пофалам дека многу од нив ми се исполниле. Барем оние кои ги посакував најсилно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа го слушаа: „Силен сум и несреќен сум едн ден ќе поулавам и можеби сум веќе таков.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тоа е од големо значење и за мене и за неа: таа веќе е уверена дека има наѕирнато во моите слабости а јас сум веќе сигурен дека ми годи нејзината улога на воспитувач.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како сè да се одлепува, да се парчосува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сум веќе ич бесен... Гајле ми е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е одвратна мешаница... Вистинска паника на бубрезите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Патувањата ме исцрпуваат. Не сум веќе ни толку млада.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сум веќе млада, Мане. Немам нерви.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
КИРО: Не сум веќе учител. Не ме интересира.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сега едноставно не сум веќе така сигурен.  К: Не сте сигурен дека луѓето би се промениле?  Б: Да, не сум баш сигурен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дедо ми се напи едно кафе, раскажа накусо како сме си поминале и замина, велејќи: - Одам да си починам, се изморив, не сум веќе млад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас сум веќе заглавен, ми вели, до гуша сум заглибен. Зар го заборави писмото за брак?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум веќе одамна кај господа, вели, ние сме први другари со него... Илица и петлица, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ако сакаш да се видиме, треба да дојдеш ти во Скопје. - Па, јас сум веќе тука.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Стар сум веќе па ми се причинуваат разни работи“ си помисли дедото и продолжи да оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас, всушност, често се чувствувам збунета: голема сум или мала, што сум јас, која сум јас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И јас сум веќе тажен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислата ми ја прекина доаѓањето на тетка ми Ана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш ми се допаѓа што сум „права девојка”, а понекогаш ми е жал што не сум веќе „нивното мало девојче”, иако тие и натаму така ме нарекуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Последниве денови особено ми недостига. Долго се задржа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе сфатиш дека не сум веќе мало девојче?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)