сфати (гл.) - мој (прид.)

А тој го сфати мојот поглед, разбра што сакам, и токму кога Луција стигна трета во стројот, викна: „Лудвик, замени ме; морам на едно место“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не криеше да се прикаже како посебно потресен од нејзината смрт!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу, на местото на несреќата, кога му изразив нешто што требеше да се протолкува како жалење за смртта на Таша, како мој личен израз на болка во однос на жалниов настан, тој го сфати моево обраќање како сочувство упатено нему ; Таша како да му била блиска роднина, или нешто поблиско и од тоа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзе изгледа мојата поставеност во власта и се чинеше тврдина која е цврсто вградена и во судбината на Јана и затоа ќе ја штити од грдите настани во животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Веројатно и генералот мислел како тебе! – ѝ реков - А виде што се случи - додадов малку подоцна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А жената иако изгледа правилно ја сфати мојата бојазливост, сепак не пропушти да му се исмее на стравувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ех, зошто. Настапија арогантно, оптоварени со сопствените војнички комплекси и го свртеа народот против себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаете, тоа никогаш не го сфатија моите стари противници, Италијанците. И каде се тие сега? Што постигнаа?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помислив: вината е веројатно кај снисходливоста на бушавиот како и во неговата спремност да ги сфати моите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дружејќи секој ден со обвинетите можеби тој заклучил дека зборувањето со себеси е обид да се надвладее стравот и да се поврати загубената самодоверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа имаше за сè свои решенија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зошто да го послушам Банде и без тоа тој е упукан и мртов а јас не сакам да ја загубам слободата на сонувањето – ѝ одговорив и притоа навистина бев тажен бидејќи знаев дека таа не може да ги сфати моите причини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па иако знаеше колку се ризични потфатите што ги смислува, не беше во состојба да ги сфати моите аргументи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лично ми го имаше речено тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот изгледа ја сфати мојата љубопитност и почна да објаснува: - Ова кадро ни е најстаро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Хенри го сфати тоа, но добар дел од луѓето едноставно би престанале да те почитуваат, бидејќи за нив големината на некој сликар лежеше во неговата мистичност. (...) Хенри можеше да го сфати мојот стил на сликање, а и самиот беше Поп.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)