Се сфаќа зошто трчаат од дома за да стасат навреме на работното место и зошто, откако ќе им престане работниот ден, пак, само сега уште посилно, трчаат да пристигнат дома, да можат далеку од бучавоста по улиците, во метрото, во автобусите, далеку од едноличното тракање на железничките тркала, да се одморат, да здивнат во домашното катче, а размислат за домашните проблеми, да потрчаат пак по продавниците за да купат нешто за секојдневниот живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој му ги покажа од мракот своите сетерски уморни очи и воздивна: „Не ви се потсмевам, а адвентистот, таа потајна омраза свртена кон број 9, се замеша: „Не сфаќам зошто би ни се потсмевал овој човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога виде дека јас плачам таа силно се расписка, веројатно поради тоа јас што плачев, не сфаќајќи зошто.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сега сфаќав зошто не ги довршил студиите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не сфаќам зошто и забрануваш да се замешува во нашиов разговор?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А ти сметаш дека мора да постојат општоприфатливи критериуми дури и при вреднувањето на шегата“ се смеам јас „а притоа забораваш дека смислата за хумор нѐ има одминато.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го чувствуваат потповршинското самоугнетување без воопшто да ги фатат елементите на критичност и пркос кон стрејтоста“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Покажува жизнерадосност од идентификувањето со најдолните од долните и ознаменува отпор кон културната технологија што предизвикува општествено исклучување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стрејтерските медиуми „ја гледаат духовитоста, но не сфаќаат зошто е нужна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, тоа подразбира повисок степен на солидарност со жените или барем поголема внесеност во борбите против сексизмот, отколку што тоа го прави стрејтерската експлоатација на кампскиот стил, која се дистанцира од женските ликови чија избезумена претераност ужива да ја изведува.
„Кампот е многу значаен на собир на настрани“, напиша Ричард Дајер во 1977 година, особено кога „настраните со него пркосно се служат против стрејтоста: но него многу лесно го презема стрејтерското општеството и го користи против нас“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Признавам, сфаќам зошто некој би се смеел на сцени како онаа кога Феј Данавеј ѝ довикува на ќерка си: „Тина, донеси ми секира!“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сега сфаќам зошто воопшто ја изведов. Се работеше за машка суета. okno.mk | Margina #10 [1995] 107
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)