Тука геј-драмскиот писател, всушност, ја провоцира, ја тера публиката – а, во таа смисла, и ја подучува – да се смее на ситуација што е и ужасна и трагична, а која останува таква дури и кога емоционалната внесеност на публиката во неа е дупната, иако никако запрена и укината, од кампското омаловажување на стрејтерската непропустливост за саморанувачката геј-иронија, за двојноста на машкиот геј-говор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)