Ја чистам, по малку ја окопувам. Не оди без офкање – се тешам дека е добро за линијата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И легнуваше едниот од врзаните, а другар му ги броеше стаповите и чекаше што побргу и тој да си помине на редот, за да можат обајцата да лежат еден крај друг и да се тешат дека вечер бабата Доста, Менка, Митра,.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И самите си се тешат дека е поарно да сечеш борови Отколку да имаш за јадење само борови шишарки Со време и тие ќе почнат да јадат корнфлекс без шеќер И од пулипапоци ќе станат страствени пулачи На жени со долги нозе и големи цицки Колку повеќе пулеа во такви жени Толку повеќе забораваа во стар крај само недомаќини седат на туѓа софра И никако не можеа да разберат зошто во стар крај Сите сакаат Forster beer а тие тука сал туку пекаат по скопско и се е можно Како што е можно понекогаш да се задоцни со спуштањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Што во Македонија и во цел свет се смета за голем резил Тадури и луѓето во американскиот Пентагон За кои е познато дека не се потресуваат многу од физиолошки слабости
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Неочекувано му дојде да ја теши дека се добро ќе се сврши и дека Јован ќе се врати здрав како риба, но место таква една сувишност, праша? „Знае ли жена му?“ Таа се поттргна малку назад.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јас почнав да врескам, жените почнаа да ме тешат дека мајка ми спие.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се обидуваше да се теши дека, колку ќе поминува времето, раните ќе се залечуваат...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)