Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не си сам кога си сам. Сам си кога не си
во конакот,
оти во меѓувреме
келиите се изѕидале ко сотки
една до друга;
- многу нешта ти се растајнуваат
од што душата ти е чиста,
од што толкуваш со вера
и љубиш со вера…
……………………………….
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)