топи (гл.) - и (сврз.)

И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Одеднаш чаршафот од ацетат, што му ги заштитуваше чувствата од светот, почна да се топи и неговата огромна празнина во душата се наполни со тапа болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Снегот брзо се топел и реката почнала пак да се појавува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, часот, почна да чади и да присмрдува, да се топи и да го снемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)