Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Црвениот пламен во очите сакав бесконечно да трае животот не е забава туку должности а страдањата се цртаа на нејзиното чело...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со бескрајна почит и чувства на приврзаност
Ваш Луан Старова
XXIII
Имаше голема, бескрајна душа Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас не знам, почитувана Лејбовиц, дали некогаш ќе ги прочита овие редови, кои ви ги пишувам за Шапоно почитуваниот главен уредник на Фајар, но верувајте дека ќе продолжам со пишувањето на мојата балканска сага додека ми трае животот, верувајќи во нејзината поврзувачка моќ, особено како од читатели како вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)