И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: • прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, • второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: • прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); • второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и • трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А тогаш, на телекранот се случи нешто што траеше само половина минута.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)