Без ироничен занес го гледам секој метар од патот што го изодев, центарот на светот е далеку, а јас во таа потрага тргнав низ невремето на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Па, кога тргнав низ снегот нозеве ми пропаѓаа, а една виулица силна, свири ветерот...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мојата врска беше линијата Порт де Ванв и речиси во истиот момент во првиот ходник сфатив дека Паула (дека Офелија) ќе тргне низ ходникот што води до врската на линијата Мари д Иси.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И, бидејќи ќерка ми свечено се заколна дека нема да плаче на песната „Црешна се од корен корнеше, мајка се од деца делеше“ ако се омажам, туку напротив, тргнав низ салата да го барам тој, Хелмутот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но не успеав да предвидам дека ќе тргне низ пресушениот јаз што порано ја разнесуваше водата од едниот до следниот воденичен камен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Им се радува на секакви и на сите пројави на целосна естетска кохерентност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, тој особено ужива во запоставените артефакти од претходни периоди кои целосно отелотворуваат разни старински, застарени стилови.271
Земете го, на пример, следниов запис со датум од 1945 година од дневникот на британскиот писател Дентон Велч, во кој бележи едно среќно откритие до кое дошол во некоја продавница на половни работи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И тогаш тргнав низ последниот ред и на половина пат видов нешто што отпрвин ми личеше на не многу угледно диванче од почетокот или од средината на викторијанската доба – еден покабаст и погруб Рекамjе со дебелки обратно извиткани диречести ногарки, наместо оние витите грчки што се нанадвор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Жената неочекувано се разболела, а ќерката со фијакер тргнала низ Париз да набави лек; возењето траело 4 часа, а кога се вратила, девојката прашала: „Како е мојата мајка?“
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оптоварени со тоа знаење и со торби и дисаги во кои ги носеа букварите пристигнати од Скопје, тргнаа низ костурските и леринските села да го носат штотуку запалениот факел на македонската просвета.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тргнав низ училницата, но сѐ уште не бев сигурен дали сум закрпен убаво. Раката ја држев превиткана одзади. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Му пристапија на коњчето, му го сметнаа самарчето, го зедоа и тргнаа низ коријата...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Сметам дека непотребното усложнување на процедурата само ги поттикнува погрешните постапки“, додаде но сепак тргна низ ходникот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Старецот, се согласи, а Малчо тргна низ градината.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И заедно тргнаа низ плодната нива, под сѐ поведрото небо, на својата обработена земја покрај длабоката река.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Еда, како ме сакаше Ракида, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, зошто ме сакаше, да му’бам мајката, еда, што велеше кога ме сакаше, ќе вели и пак ќе тргне низ шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обезбедија сè што треба, го наполнија џипот и тргнаа низ Сахара сменувајќи се во возењето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)