3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ама тргнавме и ние по колата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Прос’ска со јазикот и тргна и таа, нагоре, со нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога зачекорив по скалилата нагоре, го видов мачето до мојата нога, но не тргна и тоа нагоре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога тргнав со мртовечкиот сандак во приколката, зад мене тргнаа и два џипа со по два-тројца внатре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога тргна тракторот кон Долнец, зад него бавно тргнаа и двата џипа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)