Шатев пишува дека му треба простор за да ги прикаже сите соучесници во солунската динамитна акција, меѓутоа, поконкретно зборува само за неколку, а на другите не им ги посочува ни имињата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Јас сум мислител. Ми треба простор и време за моите психоанализи и размисли.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Му требаше простор за дишење поголем од дневната соба, од училиштето, од градот, па дури и од „продуховените“ дискусии што со години ги водеа со истото друштво.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)