Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Уверен дека „сето постоење е проба за конечниот настап на совршенството“, Џим Саливан од Џорџија бил од истиот ситничарски сој. (31)
Подготвен би бил, заедно со Фелоус, да ја прифатам таквата естетска ситничавост како одлика на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Набележавме колку важност машката геј-култура му придава на стилот – нејзината карактеристична склоност да му придава вредност на секој кохерентен израз на некој конкретен историски систем на вкус и забележавме со колкаво задоволство ужива да препознава како тој систем целосно го определува формалниот склоп на некој предмет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Чикашкиот конзерватор и поклоник на Луис Саливан, Ричард Никл, забележал: „Луѓето имаат право кога велат дека сум преситничав, но ако не си аналитичен во сѐ, тогаш, каде и да е, стануваш мудар и тогаш сѐ може да мине“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Манијачката опседнатост со постигнувањето на таа и таа нијанса на боја, со потребата косината на тој и тој покрив, текстурата на таа и таа површина да бидат баш како што треба можеби и е опседнатост што навистина е упадливо, својствено машко геј-културно обележје.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)