Тој и самиот истакнал дека лично не е запознаен со мислењето на Американската влада во однос на НОД и Тито, но потенцирал дека Јосип Броз Тито "го привлече вниманието на Британската влада", поради што САД би требало јавно да истакнат: "Тито, ти направи добра работа, и ние сме за тебе", што од своја страна, сметал Ла Гвардија, би помогнало многу на патот кон признавањето на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едновремено, пред членовите на делегацијата, тој истакнал дека е потребно сојузничките влади официјално да му дадат охрабрување на Јосип Броз Тито, бидејќи "герилската армија (се однесува на НОВ и ПО на Југославија, б.м.) претставува сериозен проблем за нацистичките сили на Балканот и во Италија", а уште повеќе "заради неговата способност да ги обедини различните политички групи во Југославија", што претставувало, според Ла Гвардија, "најдраматична работа во целата војна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)